Насловна / Вести / Се уредуваат локациите за петте нови споменици во Скопје

Се уредуваат локациите за петте нови споменици во Скопје

lokacii za spomenici

На потегот од Универзитетска библиотека до хотел „Континентал“ веќе се заградени локациите за петте нови споменици што треба да се постават во следниот период, а кај дел од нив се градат и постаментите. Во средината на кружниот тек кај хотел „Континентал“ изваден е столбот со јарболот на македонското знаме и просторот е ограден, а деновиве таму може да се видат и машини. На оваа локација ќе биде поставена бистата на генерал Михајло Апостолски. На аголот на Универзитетската библиотека се работи на постаментот за споменикот на Пере Тошев, а во негова близина ќе биде Никола Петров Русински. Пред Судска палата е заграден просторот за споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, а се работи и на поставувањето на споменик на Ѓорѓи Сугарев кај комплексот факултети.

Испрати коментар

Scroll To Top