Насловна / Вести / Се реконструира водоводната мрежа во Волково

Се реконструира водоводната мрежа во Волково

volkovo-cevki500

Продолжуваат работите на реконструкција на застарената водоводна мрежа во селото Волково во општина Ѓорче Петров, каде што до сега се интервенирало со замена на стариот водоводен систем со нови цевки во вкупна должина од 28 километри.

Од општината информираат дека деновиве завршила изградбата на 475 метарската нова водоводна мрежа од краците 28, 29, 153 и 154 на улицата „81“.

– Ваквиот тренд на обнова на водоводната мрежа ќе продолжи и во иднина со цел до граѓаните да се дистрибуира здрава вода за пиење од градскиот водовод, – се вели во соопштението.

Честите реакции на граѓаните за слабиот притисок на дотур на квалитетна вода за пиење и честите дефекти беа причина повеќе општината поддржана од Министерството за транспорт и врски и Светската банка да преземат мерки во отстранување на проблемите со кои реално се соочуваа волковци, соопштуваат од о.Ѓорче Петров.

Работите ги изведува „Енергормонт“ – Скопје и „Дансатрејд“.

Испрати коментар

Scroll To Top