Насловна / Вести / Се планира нов туристички комплекс во Охрид – екологистите предупредуваат

Се планира нов туристички комплекс во Охрид – екологистите предупредуваат

На површина од 18 хектари во крајезерскиот појас од населбата Далјан ќе никне нов туристички и деловен комплекс, пишува OhridNews.

Урбанистичкиот план за населбата Далјан во моментов е во фаза на донесување, а финалната верзија во наредниов период треба да се најде пред членовите на Советот на општина Охрид.охридско езеро

Со предлог ДУП за УЗ 4 тука се предвидува изградба на хотели и други сместувачки капацитети, како и на дом за стари лица, кој се најавува долги години. Максималната висина на објектите ќе биде 17,5 метри. Екологистите предупредуваат на внимателност поради опасност габаритните градби да го запрат струењето на воздухот од езерото.

Според стручњаците изградбата на туристичкиот комплекс не треба да започне пред да се реши проблемот со регулирање на отпадите води, бидејќи колекторскиот систем во населбата Далјан нема капацитет да ги опслужли ниту постојните објекти.

Пред десетина дена беше презентирана стратегиската оцена за влијание на планот врз животната средина. Во презентираниот документ наведено е дека е предвидено посебно третирање на отпадните води, како и организирано управување со отпадот, со што можноста за загадување на почвата и површинските и подземните води и воздухот ќе се сведе на минимум.

Испрати коментар

Scroll To Top