Насловна / Вести / Се изнајмува деловен простор во „Разловечко востание“

Се изнајмува деловен простор во „Разловечко востание“

razlovecko vostanie_2

Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор ќе издава деловни простории во новата катна гаража „Разловечко востание“ спроти трговскиот центар „Соравија“.
Објавен е оглас за закуп на деловниот простор од 3.200 м2 во катната гаража „Разловечко востание“ која официјално беше отворена на почетокот од месецов. Деловниот простор е во фаза на доуредување, а од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, кои се инвеститори, велат дека сега е време компаниите да пројават интeрес и просторот да се усогласи според нивните потреби. Од таму велат дека сè уште не е дефинирана цената за закуп, но потенцираат дека ќе биде 20 отсто пониска од онаа на пазарот за овој дел од градот.razlovecko vostanie_1
„Сите заинтересирани кои сакаaт да го земат деловниот ппростор под закуп нека пројават интерес за да можеме да го планираме овој деловен простор и да го разделиме соодветно според нивните потреби. Цената за метар квадратен сè уште не можам да ја кажам затоа што зависи од интересот, делбата и ентериерното уредување. Можам само да гарантирам дека ќе бидеме пониски од околните деловни простории кои се во овој дел, онака како што стопанисуваме со катната гаража. Целта ни е да го заживееме просторот и да му дадеме раздвиженост“, вели директорот, Цветко Грозданов.
Доколку нема заинтересиранот за закуп, додава директорот, останува опцијата просторот да се продаде. Веќе една банка била заинтересирана да купи дел, но одлуката на Акционерското друштво е прво да се обиде да го издава.
Заинтересираните правни субјекти уште денеска ќе може да се заинтересираат за условите, а агенцијата понудите ќе ги дава 20 проценти поефтино од сите други кои издаваат деловни простории.
За заинтересираните закупци во иднина ќе има поволности и за паркирање.

Испрати коментар

Scroll To Top