Насловна / Вести / Се излеале 79.500 литри нафта во Тихиот Океан

Се излеале 79.500 литри нафта во Тихиот Океан

izleana nafta vo tihiot okean

Од оштетен нафтовод се излеаја 79.500 литри нафта во Тихиот Океан, формирајќи лента долга 6,4 километри долж централниот брег на Калифорнија, соопшти американската Крајбрежна стража.

Нафтоводот е паралелен со автопатот 101 во близина на Санта Барбара, а на површината на морето се направила нафтена дамка долга шест и пол километри, а широка педесетина метри, изјавила портпаролката на крајбрежната стража Андреа Андерсон.

Според неа, за цевките е одговорна компанијата „Плејнс ол американ“ која веќе почнала со чистење. Сѐ уште не е позната причината за пукање на цевката.izleana nafta vo tihiot okean (2)

Директорот на канцеларијата за кризни состојби во округот Санта Барбара, Ричард Абрамс кажал дека во чистењето учествуваат и крајбрежната стража, општината и канцеларијата за риболов и диви животни.

„Сѐ уште немаме податоци за штетата, но нафтата е во водата, значи влијае на околината“, кажал Абрамс.

Компанијата објавила дека го сопрела течењето на нафтата, дека постапува според протоколот за кризни ситуации и изразиле жалење: „Плејнс длабоко жали поради истекувањето на нафтата и прави сѐ што може за да ја ограничи штетата врз околината“, се вели во соопштението.

Испрати коментар

Scroll To Top