Насловна / Вести / Се избира „Европското стебло на годината“

Се избира „Европското стебло на годината“

Веќе десетта година по ред, инспирирано од чешкото национално натпреварување, се одржува изборот за „најсакано“ дрво во Европа. Тоа се бира врз основа на јавно гласање – а во конкуренција годинава се наоѓаат дрвја од 16 земји. Земјите учеснички ги бираат всоите претставници најчесто во годината која претходи на натпреварувањто, спроведувајќи анкета за заинтересираните граѓани.

Секоја година, па и оваа, гласањето почнува на 1ви февруари и трае до крајот намесецот. Целта е меѓу дрвјата кои се номинирани како национални победници да се пронајде тоа со најинтересна приказна, а притоа да се промовира неопходноста од зачувување на зелените капацитети. Прогласувањето на победникот и доделувањето на наградите обично се организира во втората половина на март во европскиот парламент во Брисел. Овогодишната церемонија ќе биде одржана на 17ти март.

Меѓу финалистите се пласираа:

  • Дрво на слободата, Белгија;
  • Достоинствен стар даб, Бугарија;
  • Гинко од Дарувар, Хрватска;
  • Чувар на поплавеното село, Чешка;
  • Повеќевековна бука од Сен Жам, Франција;
  • Дрво на слободата во Капошвар, Унгарија;
  • Вештерска тиса, Ирска;
  • Даб од Трикасо, Италија;
  • Вештерско дрво, Холандија;
  • Црн бозел, Полска;
  • Костен од Валес, Португалија;
  • Повеќевековна елка, Романија;
  • Осамената топола, Русија;
  • Стебло на оскоруша, Словачка;
  • Триножен шпански даб, Шпанија;
  • Алертонски даб, Велика Британија.

Ако сакате да дознаете од чии крошни лисјата паѓале врз борците во Втората светска војна, кој е Адам, и каква е неговата Ева, или пак каде се наоѓа вечното почивалиште на предводничката на злогласна разбојничка банда, посетете го следниот ЛИНК

tree1

tree2

tree3

tree5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top