Насловна / Архитектура / Се гради најскапата вила во светот

Се гради најскапата вила во светот

najskapa vila

Холивудскиот филмски продуцент и бизнисмен Nile Niami, гради мега вила, по цена од 500 милиони долари, односно гради најскапа вила во светот.

Вилата ќе има панорамски поглед на Тихиот Океан, Беверли Хилс, центарот на Лос Анџелес и долината Сан Фернандо. Ќе биде сместена на имот од 4,6 хектари и ќе има површина од околу 8.000 м2. Во прилог на оваа мега ултра луксузна вила, имотот ќе содржи три мали куќи, со вкупна површина од околу 10.000 м2.najskapa vila  (4)

За овој проект, ќе биде потребно 20 месеци работа, со цел да биде совршено завршен, а ќе има главен апартман од 500 м2, гаража за 30 автомобили, приватно кино со 45 места, четири базени вклучувајќи infinity базен и големa декорирана ливада која ќе биде околу 2.000 м2. Исто така, ќе биде сместен и приватен ноќен клуб и казино во „Монако“ стил, како и соба со медузи, кои ќе бидат поставени во три ѕидни аквариуми.

najskapa vila  (3)

Во моментов, најскапата вила во светот ќе чини 425 милиони долари, и се наоѓа на Азурниот брег, додека на второ место е пентхаус во Монако со цена од 400 милиони евра, а на трето е вила во Лондон од околу 365 милиони долари.

najskapa vila  (2)

Испрати коментар

Scroll To Top