Насловна / Вести / Се градат две нови училници во ОУ „Браќа Миладиновци”

Се градат две нови училници во ОУ „Браќа Миладиновци”

novi uxilnici ilinden

Во основното училиште „Браќа Миладиновци” во Општина Илинден во тек е изградба на две нови училници и помошни простории, со вкупна површина од 200 метри квадратни.

Во новите простории ќе учат најмладите од ова училиште- првачињата.

Во ОУ „Браќа Миладиновци“  уште пред неколку години беше инсталиран систем за греење и ладење со топлински пумпи, со користење на обновливи алтернативни извори на енергија, со што Општина Илинден беше една од првите општини во Република Македонија што почна да ја применува енергетската ефикасност.

Истовремено старите и дотраени прозорци и врати во ова училиште беа заменети со нови, со топлотна изолација, беа изградени нови тоалети и комплетно реновирани сите простории, при што беше изграден и нов кабинет за наставниците.

Испрати коментар

Scroll To Top