Насловна / Вести / Се асфалтира патот Радишани – Љубанци

Се асфалтира патот Радишани – Љубанци

radisani ljubanci

Општина Бутел деновиве започна со подготовка на коловозот за асфалтирање на патот Радишани – Љубанци.

Станува збор за дел од патот во должина од 1,1 километар, каде што пред извесно време се градеше атмосферска канализација заради надојдената вода од старите разбудени извори, но и се доизгради постојната фекална канализација.

Оштетениот коловоз сега се проширува и се подготвува за нов асфалт од околу 6.000 м2 или 1,1 километар.

Бидејќи оваа делница е многу фреквентна, особено online casino во викендите, се молат граѓаните за трпение и разбирање во наредните 30 дена, додека траат работите на патот.

Изведувач на работите е ГИВ Инженеринг од Скопје.

Проектот во вредност од пет милиони денари целосно ќе биде финансиран од буџетот на општина Бутел.

Испрати коментар

Scroll To Top