Насловна / Арт и дизајн / Сценографии 35 на Крсте С. Џидров – Џиби

Сценографии 35 на Крсте С. Џидров – Џиби

Од 21 до30 септември 2018година се одржа изложбата,,Сценографии 35,,во холот на МКЦ во Скопје, истовремено со одржувањето на МОТ како дел од програмата. Оваа изложба е ретроспектива на 35 годишната сценографска работа на Крсте С. Џидров – Џиби, дипломиран архитект. На изложбата беа поставени околу 20 панои на кои се прикажани скици, цртежи и фотографии од сценографии за различни престави. Изложени беа и петнаесет оригинални скици-цртежи изработени во комбинирана техника (туш,пастел,акварел).Изложбата е поставена после 33 години од првата изложба на сценографии на Џидров одржана 1985 година заедно со Симе Узуновски во истата галерија МКЦ во рамките на МОТ 1985 година.

krste s. dzidrov
Крсте С. Џидров е еден од најистакнатите македонски сценографи од поновата генерација. Тој е присутен во македонскиот театар од 1970 година, на почеток како актер во авангардната и култна театарска група,,Театарот кај Св.Никита Голтарот“, а подоцна од 1980 година е член во Театарската работилница ФФ, при Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет во Скопје. Овде започнува неговиот интерес и љубов за сценографијата. Овде заедно со С.Узуновски, С.Живковски и Д.Петковиќ започнуваат со изработка на сценографии, кукли, маски, реквизите и се друго потребно за изведба на преставата ,,Зелената гуска“.

izlozba mkc otvaranje, milcin i dzidrov

Отварање на изложбата

Во 1982 година режисерот В.Милчин заедно со С.Узуновски ги ангажира како сценографи во Театарот на народностите – Албанска драма во преставата ,,Бовча“. Од тогаш до денес Џидров е присутен како сценограф во македонските театри и пошироко. Соработувал со четриесетина режисери од сите генерации, меѓу кои Владимир Милчин, Коле Ангеловски, Владо Цветановски, Зоја Бузалкова, Амет Јакупи Срѓан Јаниќиевиќ, Куштрим Бектеши, Љупчо Тозија и други. Соработувал и со странски режисери. Неговите сценографии се поставени на 33 театрски сцени, а до оваа изложба има реализирано146 сценографии. За своите сценографии Џидров добил повеќе награди и признанија на разни театарски фестивали во Македонија и странство како што се ТФ Војдан Чернодрински-Прилеп 1984, 1987, 1989, 1993, 2003, 2005, Стериино позорје – Нови Сад награда УЛУПУДС 1987, Фестивал на албански театри во Дебар 2004 и други.

Natemago na ff, Bitola

Натемаго на Филозофски факултет 1983 г.

Во неговиот богат опус треба да споменеме дека изработил сценографии и за балет и тоа преставата Силфида МОБ(2005година), а во 1993 ја работи и првата сценографија за филм. Од 2000 година е технички координатор и сценограф во Детскиор Театрски Центар-Стара Чаршија Скопје.

BAKHI Dubrovnik osnova

BAKHI Dubrovnik izgled

BAKHI Dubrovnik

35 Дубровнички летни игри, 1984 г. претсава Бакхи

,,Со појавата на Крсте С. Џидров се покажаа дека образованието архитект во областа на сценографијата е предност, при што нему му овозможи полесно совладување на просторот, како и поинаков начин на изведбата на сценографијата-декорот-кулисите. Поради тоа графичката презентација на сценографијата повеќе не е сликарска,туку е проект со прецизни и студиозни скици,со разработени детали и сугестивно изработени макети со јасна презентирана идеја,при што оневозможува импровизација при изведбата на сценографските елементи,, (В.Милчин, сценографски каталог, МОТ 85).

Podrum, Pristina skica

Podrum Pristina 1

Брег на жалоста – Приштина

Или како што самиот Џидров ќе каже ,,Мислам дека е веќе дојдено до сознание дека архитектите можат да дадат сценографија визуелно побогата и просторно посодржинска. За мене ова занимавање со сценографија е всушност и едно интезивно занимавање со архитектурата“. ( Каранфилов, Екран1903).
Во сценографиите кои ги слика и обликува Џидров обединети се слободата на креацијата и мајсторството на реализацијата.За неговите сценографии најчесто употребувани материјали се плексиглас, камен, песок, сруготини, метал, стиропор, дрво и друго. Во тој простор се движат актерите кои се осветлени од постоечкиот,,светлосен парк“ на театарот, но многу често употребува и нови спецјално подготвени светлечки елементи кои ја дополнуваат сценографијата.

podemot i padot na kabareto MNT Skopje skica

Подемот и падот на кабарето – МНТ, Скопје

Треба да се истакне дека кај сценографите–сликари ликовни уметницици, доминира ликовното, а кај сценографите –архитекти, архитектонското просторно обликување на сценскиот простор.
Посебно влијание врз креативноста и развојот на Џидров како сценограф се трендовите во уметноста и архитектурата во70-тите и 80-тите години и тоа инспирација црпи од уметниците Енди Ворхол, Роберт Раушенберг и Рој Рихтенштеин, концептуалистот Кристо Јавашев, руската авангарда и конструктивизам, и од архитектите Ле Корбизје, Валтер Гропиус и Баухаус,тогашниот посмодернизам во архитектурата со нејзиниот идеолог и филозоф Чарл Џенкс и архитектите Паоло Портогези, Рикардо Бофиљ, браќата Криер, Ото Фрај, Норман Фостер, групата Архиграм, движењето Артроподос и јапонските архитекти Арата Исозаки и Јамасаки Миноро. Во неговите сценографии можете да забележите понекогаш и понекој детал од делата на гореспоменатите уметници и архитекти.

revizor saraevo 2

Ревизор – Сараево

silfida balet (11) - Copy

silfida balet (6) - Copy

Силфида, балет

Поставката на изложбата беше многу оригинална и впечатлива. Сите паноа беа поставени на повеќе масивни столбови на кои на четирите страни беа закачени паноата со фотографии, цртежи или скици од сценографиите на Џидров. Се движите меѓу нив, како во лавиринт и го откривате прекрасниот свет на сцената, кулисите на сцената, целата сценографија.
Изложбата Сценографии35 е круна на богатото творештво на Крсте С.Џидров – Џиби во полето на сценографијата.

(Напомена: За овој текст користени се материјали од Каталогот на изложбата ,од написи од дневен печат и разговори со сценографот Крсте С. Џидров. Ова не е авторски текст)

izlozba mkc 1

izlozba mkc 2

izlozba mkc 3

izlozba mkc panoi

izlozba mkc plakat

Испрати коментар

Scroll To Top