Насловна / Вести / Град Скопје ќе дава субвенции за електрични тротинети

Град Скопје ќе дава субвенции за електрични тротинети

Град Скопје оваа година првпат ќе распише јавен повик за субвенции за граѓани за купување електрични тротинети. Градските власти од својот буџет за оваа намена издвоиле еден милион денари.

“Целта на оваа мерка е стимулирање на граѓаните за помасовно користење електрични тротинети како алтернативно превозно средство“, соопштуваат од Град Скопје.

Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10 илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Elektricni-trotinet

Условите за учество се исти како и кај јавниот повик за субвенции за велосипеди. Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во главниот град, копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот. Потребно е да се достави и доказ дека е извршено купување на нов електричен тротинет и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.

Средствата кои Градот ќе ги издвои за субвенционирање за купување електрични тротинети се средства кои беа неискористени од буџетот за субвенции за велосипеди, поточно субвенции за велосипеди за лица со посебни потреби.

Електричните тротинети стануваат се повеќе популарни во светот. Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно висока моќност и носивост. Некои модели развиваат брзина и до 35 километри на час. Развојот на технологијата овозможи овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно батериско полнење.

Едно од алтернативните превозни средства е електричниот тротинет, кој е најприфатлив за користење во градови со рамна површина како што е Скопје.

 

Испрати коментар

Scroll To Top