Насловна / Архитектура / Сауна со покрив од трски

Сауна со покрив од трски

bath_kuz_04_620
Изградбата на мали издвоени простории кои служат како сауни, во Русија е честа појава, а архитектот Андреј Бугаев од студиото Artecology ја направи својата верзија која се наоѓа во шума и потсетува на сцена од бајките. За изградба користел цели стебла ариш со должина од 5 метри, поради отпорноста на влага и естетскиот момент. bath_kuz_11_620HМекиот и преубав покрив од трска е исто така оригинален концепт. Оваа сауна се загрева со помош на печка на дрва изградена од цигли. На катот се наоѓа мал простор за одмор на гостите. Во склоп на овој имот се наоѓа и летниковец во истиот стил.bath_kuz_03_620

Испрати коментар

Scroll To Top