Насловна / Вести / Сателити и ласери ќе и помагаат на Австрија прецизно да ја следи состојбата со зелените површини

Сателити и ласери ќе и помагаат на Австрија прецизно да ја следи состојбата со зелените површини

Австриските научници развиле напредни методи за следење на промените во шумите и урбаните зелени површини, користејќи комбинација на сателитски снимки и ласерско скенирање. Истражувањето се спроведува во склоп на проектот SEMONA reloaded, со поддршка на Австриската агенција за промоција на истражувања (FFG), а целта е унапредување на управувањето со природните ресурси и адаптирање на климатските промени.

Анализите го опфаќаат Биосферниот парк Wienerwald, Националниот парк Donau-Auen, регионот Wachau, како и урбаните подрачја на Виена. Научниците користеле глобално достапни сателитски податоци од европската програма Copernicus, авионско ласерско скенирање и фотографии од воздух, врз основа на кои се изработени детални мапи.

Во делот на урбаниот простор на Виена на пример, анализирани се зелените покриви, неасфалтираните површини и дрворедите, Новите модели овозможуваат попрецизно препознавање на зеленилото, што е од особено значење за планирањето на мерки против урбаното затоплување и зајакнување на климатската отпорност на градовите.

Испрати коментар

Scroll To Top