Насловна / Вести / Сараево ја забранува употребата на јагленот за греење од 2021 година

Сараево ја забранува употребата на јагленот за греење од 2021 година

Поради уште една грејна сезона во низа со големо загадување на воздухот, властите во Сараево најавуваат забрана за користењето на јагленот за греење. Имено, владата на Кантонот Сараево подготвува Стратегија за намалување на употребата на цврсти горива, со цел намалување на загадувањето, како и акциски план за нејзино спроведување. Локалната влада одлучила во акцискиот план да ја вклучи и забраната за поседување и употреба на јагленот во индивидуалните куќи и станбените згради, како и во објектите кои ги користат компаниите и јавниот сектор. Со акцискиот план ќе биде јасно дефинирано кој, што и во кој временски период треба да направи кога станува збор за мораториумот на користењето на цврстите горива. Во прв ред тоа се однесува на забраната на поседување и користење на јагленот, додека некои други мерки ќе се воведуваат постепено, со оглед дека станува збор за десетгодишен план. Во моментот, властите во Сараево имаат прогласено предупредување за загаденост на воздухот што повлекува итни мерки од втор (од вкупно три) стадиум. Имено, концентрацијата на суспендираните честички PM10 надминала 150 микрограми по кубен метар на дневно ниво, па ограничувањата опфаќаат намалување на работното време на производните погони за 20%, како и намалување на внатрешната температура за три степени кај сите објекти со котли над 50kW кои користат фосилни горива. Употребата на тешки камиони е ограничена, а дизел автомобилите со стандард еуро2 не можат да се користат. Исто така, се запираат и сите градежни работи на отворено и затворено, а јавните собири се забранети. Јавните установи мора да го прилагодат работното време со цел намалување на сообраќајот.

saraevo1

S

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top