Насловна / Вести / Само четири степени Целзиусови се доволни за нов глобален потоп

Само четири степени Целзиусови се доволни за нов глобален потоп

Globalen potop1
Домовите на повеќе од 500 милиони луѓе ќе бидат загрозени ако се покажат како вистинити мрачните предвидувања на климатолозите за порастот на нивото на морето како резултат на сè поголемото глобално загревање, соопштија научниците од групата Climate central.
Истражувачката група Climate central објави интерактивна мапа на која со сина боја се означени најзагрозените подрачја, помеѓу кои е и градот Дубровник, но и заливот Бока Которска. globalen potop Rio de Janeiro
Покрај јадранското приморје, најголема опасност им се заканува на Венеција и Холандија. Научниците предвидуваат дека порастот на нивото на морето би можел да се случи во период од 200 до 2.000 години, но и дека кога еднаш ќе се случи, загрозените области ќе бидат поплавени, засекогаш.
Што се однесува до остатокот од светот, најмногу би настрадале Лондон и Њујорк, но и Кина, во која нов дом би морало да побараат дури 145 милиони луѓе. Населението во приморските области ќе се најде на најголем удар, бидејќи во случај на пораст на нивото на морето тие би биле принудени да ги напуштат своите домови. Научниците соопштија дека ако овој тренд на глобално загревање продолжи, просечната температурата на Земјата би пораснала за четири степени Целзиусови, што би можело да влијае на животот на повеќе од половина милијарда жители на планетата.

Испрати коментар

Scroll To Top