Насловна / Вести / Салон на автомобили Женева 2018: струјата против бензинот и дизелот

Салон на автомобили Женева 2018: струјата против бензинот и дизелот

Во Женева е во тек 88-миот,  Салон на автомобили 2018, кој ќе трае до 18ти март. Преку 180 изложувачи прикажуваат околу 250 нови модели. Вредноста на овој саем е во тоа што е посетен и од  и Германци и од Французи, но од неодамна и од Кинезите кои се подготвуваат за влез на eвропскиот пазар. Во моментот автомобилте на електричен погон се најголем хит, а речиси сите поголеми производители најавуваат до 2025 година промена на погонот од бензин и дизел на струја. И покрај новите технологии кои имаат електрична платформа, сепак некои автомобили на бензин и дизел и натаму се во фокусот. Така, во Женева е лансиран новиот ауди А6, со автономно возење. Претставен е и првиот електричен „јагуар“. Фолксваген“ претстави  четири нови концепт автомобили, кои се негов адут за иднината..„Бентли“ го изложи новиот хибрид наречен  „бентагу“, а и натаму најдобар и најбрз е  „бугати чирон“, кој сега има  1.500 коњских сили и достигнува 480 km/h. Цената е „само“ три милиона евра.

2018-Jaguar-E-Pace-interior

bugatti-chiron-2016-geneva-motor-show_100548224_h

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top