Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Саемот за градежништво со посебен акцент на енергетската ефикасност

Саемот за градежништво со посебен акцент на енергетската ефикасност

Saem logo 2015

Од утре до 7 март, на Скопски саем ќе се одржи Саемот на градежништво – дванаесеттиот по ред меѓународен бизнис настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Во рамките на Саемот на градежништво 2015, во Метрополис арена по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.

Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“, а сите заинтересирани кои ќе ја посетат канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ ќе добијат бесплатни влезници за Саемот на градежништво 2015.

Посетителите ќе можат да ја разгледаат и огромната понуда на над 3.000 станови и да го одберат најповолното за себе. На саемот ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти кои ќе достигнат и до неколку илјади евра и ќе важат само за саемските денови.

За време на Саемот на градежништво 2015 ќе се одржат програмски активности на теми за енергетска ефикасност и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top