Насловна / Вести / САД позајмуваат од Кина камења од Месечината за анализа

САД позајмуваат од Кина камења од Месечината за анализа

Кинеската национална агенција за вселената, соопшти дека ќе им позајми на САД, Јапонија, Франција, Германија, Велика Британија и Пакистан, делови од камењата кои ги донеле од Месечината во текот на мисијата во 2020 година. Во соопштението се истакнува дека американско-кинеската соработка во одредени области, како на пример во вселенските истражувања, не се во целост завршени, и покрај тензиите во врска со геополитиката и царините.

Меѓу седумте институции на кои им е дозволено превземање на лунарните примероци се Brown University, како и State University of New York at Stony Brook. Со мисијата Chang’e-5 без екипаж, Кина во 2020 година стана третата земја која успеала да собере примероци од површината на Месечината, после САД и некогашниот Советски Сојуз. Соработката помеѓу САД и Кина во вселената беше попречена од американскиот закон од 2011 година, кој има за цел да обезбеди американските технологии да останат вон досегот на кинеската војска. Според тој закон, NASA мора да соработува со FBI, со цел да му потврди на Конгресот дека соработката со Кина нема да наштети на националната безбедност на САД.

Испрати коментар

Scroll To Top