Насловна / Архитектура / Русија: Новата зграда на операта “Чајковски“, покрај брегот на реката Кама

Русија: Новата зграда на операта “Чајковски“, покрај брегот на реката Кама

Зградата на академскиот театар и опера “Чајковски“ ќе биде изградена на брегот на реката Кама, во Перм во Русија, во близина на планината Урал. Перм е еден од најпознатите руски балетски центри, веднаш по Москва и Санкт Петерсбург. Проектот е дело на американското студио wHY Architecture. Брановидниот покрив ќе пружа поглед на околината, а елементите со боја на бакар на стаклената фасада ќе потсетуваат на древната историја на ископување на овој метал во областа.

Постоечката зграда на оваа институција во Перм е една од најстарите во земјата и била изградена во 1870 година. Во овој регион е роден познатиот композитор Чајковски. Академскиот театар и опера “Чајковски“, со својот нов објект ќе се придружи кон современите оперски куќи со модерни кривулести архитектонски форми. Некои од нив се операта во Шангај на Snøhettа, како и проектот на MAD за оперската куќа во Харбин.

Tchaikovsky1

Tchaikovsky4

Tchaikovsky5

Испрати коментар

Scroll To Top