Насловна / Вести / Русија не дозволува САД да ја приватизира Месечината

Русија не дозволува САД да ја приватизира Месечината

Американската администрација спремила нацрт меѓународен договор, кој претседателот Доналд Трамп го потпиша уште во април, а суштината на договорот е создавање зони на Месечината во кои несметано ќе може да се истражува и да се вади руда. Исто така и да се направат нови меѓународни договори кои би ја регулирале сопственоста на ресурсите кои ќе бидат експлоатирани.

moon1

Програмата на  Националната ваздухопловна и вселенска агенција (НАСА) нречена е „Артемис” и предвидува формирање „безбедни зони” околу идните бази  на Месечината како би се „спречило нанесувањето штета или мешање на конкурентските земји или компании кои работат во непосредна близина”. Со овој договор на компаниите кои ќе изведуваат рударски работи на  Месечината би им се овозможило да ги поседуваат природните богатсва кои ќе ги извадат, односно да ги однесат на Земјата и со нив да прават што ќе посакаат, да ги продаваат или преработуваат.

mesec

Од 1967. година на сила е Довор за вселената кој го потпишале многу држави во светот, меѓу кои и САД.  Овој договор подразбира дека сите истражувања на вселената ќе бидат спроведувани изклучиво во корист на сите земји, односно дека планетите се јавно природно богатство. Договорот јасно и забранува на која било влада да ги присвојува планетите и констатира дека Месечината и сите небесни тела се заедничко наследство на човештвото.

Во Вашингтон сега објаснуваат дека „безбедните зони” претставуваат токму примена на еден од членовите на овој договор, во кој се наведува дека небесните тела и Месечината не можат да бидат сопственост на ниту еден национален субјект. Ова само се надоврзува на законот донесен 2015. година, со кој всушност на компаниите им се даваат имотни права на ресурсите кои ќе ги најдат во вселената. Такво право, меѓутоа, не постои во меѓународната заедница.

moon2

Одамна воспоставениот режим на меѓународното вселенско право, американската администрација  го смета за застарено, а новиот договор е дел од планот на Месечината да се постават вселенски станици и човечки екипажи.

Кон крајот на април НАСА најавила дека три компании ќе работат на патот кон Месечината до 2024. година и создавање „одржливо присуство” на јужниот пол на Месечината, а потоа  приватни компании ќе почнат со истраживања и експлоатација на руди. Тоа се „Спејсекс” на милијардерот Илон Маск, „Блу ориџин” на Џефа Бeзос и „Дајнетикс”, дел на холдингот „Лајдос” во Алабама.

moon

Генералниот директор на руската вселенска агенција  „Роскосмос“, Димитриј Рогозин изјавил дека „обидите за приватизација на Месечината“ се спротивни на меѓународното право. „Во ниту еден случај нема да прифатиме никакви обиди за приватизација на Месечината. Тоа е нелегално и во спротивност со меѓународното право“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top