Насловна / Архитектура / Руинирана културна сала во Романија претворена во модерен објект

Руинирана културна сала во Романија претворена во модерен објект

Романскиот архитект Влад Русу победи на конкурсот со свое решение за целосна реконструкција на стара културна сала во местото Блај во централна Романија. Целта била овој повеќенаменски простор стар повеќе од 80 години, да се приспособи на современите текови за да може во него да се одржуваат различни културни настани.

Решението на Влад подразбирало објектот да се соголи до конструкцијата и да се создаде нов ентериер, кој ќе потсетува и на старите денови.романија културна сала_6

Инаку, зградата била целосно уништена од пожар во 1995 година и од тогаш чекала подобро време за реконструкција.романија културна сала_2

Акцентот е ставен на конструкцијата со убавите арки ѕидани во тули.романија културна сала_1

Бидејќи фотографии од оригиналниот ентериер не постојат, архитектот Влад имал одврзани раце за новиот дизајн на просторот. Затоа, тој креира едноставен и отворен ентериер, кој лесно може да се приспособи на различни настани, пишува Dezeen.романија културна сала_3

Ѕидовите се соголени до оригиналните тули, кои се обновени и ставени се во преден план. Оваа живописна текстура е смирена на некои места со бели гипсени детали, кои ги врамуваат отворите и балконот.романија културна сала_4

Салата која прима 250 луѓе го изразува духот на минатото време, но во исто време и современиот живот. Тоа е токму она што Влад сакал да го постигне!романија културна сала_5

Проектот на оригиналната зграда бил направен од страна на архитектот Victor Smigelschi од Букурешт.

Современото дизајнирано осветлување му дава на објектот модерен контекст.романија културна сала_8 романија културна сала_7 романија културна сала_9

Испрати коментар

Scroll To Top