Насловна / Ентериери / Пинк детали во Лувр

Пинк детали во Лувр

Дека само со минимални промени може да се влијае врз целокупниот впечаток во еден простор, го потврдува париското Cafe Mollien, коешто се наоѓа во рамките на музејот Лувр. Францускиот дизајнер Mathieu Lehanneur, постоечкото историско опкружување одлучи да го нагласи со розови светлечки тела кои на просторот му обезбедуваат необичен, но многу атрактивен карактер, кој ги изненади многумина.пинк детали во лувр_1

Поставени вертикално во ентериерот, тие со својата фина издолженост даваат дифузна светлина која се одбива од доминантниот мермер во просторот, што дополнително го истакнуваат транслуцентниот ефект. Инаку, Cafe Mollien е едно од најомилените места на парижаните и туристите, коешто вклучува 66 места вклопени во раскошниот простор на музејот, со тераса која гледа на познатата Стаклена пирамида.пинк детали во лувр_4

„Во комбинација со предимензионираните историски прозорци, лакираните дрвени столчиња во мат бела боја, овие капсулни светлечки тела, секако, го нагласуваат ритамот на музејскиот простор“, Mathieu Lehanneur ги објаснува своите мотиви за своевидната ревитализација на просторот.пинк детали во лувр_5 пинк детали во лувр_2 пинк детали во лувр_3

Испрати коментар

Scroll To Top