Насловна / Вести / Привршува целосната реконструкција на градинката „13 Ноември“

Привршува целосната реконструкција на градинката „13 Ноември“

Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката „13 Ноември“. Со ова, по 40-ина години, во Центар се добива нов објект за згрижување и воспитување на деца, бидејќи од стариот останаа само sидовите и столбовите.Реконструкција - градинка '13-ти Ноември' (3)

Се оспособуваат занимални, тоалети, влезен хол, административни простории и се прави влез за лица со посебни потреби.

Дотраената водоводна и електрична инсталација се заменува со целосно нова.Реконструкција - градинка '13-ти Ноември' (6)

Општина Центар во градинката поставува и нов паркет, а во септември ќе бидат готови и пет занимални за децата од поголемите групи.

Фасадата ќе биде нова, според сите современи стандарди и со весели бои.Реконструкција - градинка '13-ти Ноември' (2) Реконструкција - градинка '13-ти Ноември' (1)

Подрумските простории ќе бидат целосно преадаптирани. При реконструкцијата на градинката „13 Ноември“, се внимава на зачувување и обновување на зеленилото. Партерното уредување ќе биде со нови дрвја и со ново зеленило.

Испрати коментар

Scroll To Top