Насловна / Вести / „Роскосмос“ го претстави моделот на руската вселенска станица

„Роскосмос“ го претстави моделот на руската вселенска станица

Москва очигледно е сериозна во однос на напуштањето на Меѓународната вселенска станица (ISS) и почетокот на самостојното изведување на операции во вселената.  Руската вселенска агенција „Роскосмос“ го претстави физичкиот модел на новата руска вселенска станица, која руските медиуми ја нарекоа ROSS, на воено-индустриската изложба „Армија-2022“ во близина на Москва.

roskosmos1

Јуриј Борисов, кој минатиот месец од страна на претседателот Путин е именуван за шеф на „Роскосмос“, изјавиле дека Русија ќе ја напушти ISS после 2024 година, и дека веќе се работи на развој на соспствена орбитална станица. poslije 2024. NASA, сака ISS да остане во функција до 2030 година, но тврди дека сеуште нема добиено официјална потврда за најавеното повлекување на Русија.

roskosmos2

Во врска со плановите за новата вселенска станица, Русија истакнува дека таа ќе биде лансирана во две фази, без притоа да се наведат конкретни рокови. Во првата фаза би започнала со работа вселенската станица со четири модули, а подоцна ќе бидат додадени уште дав модули и сервисна платформа. Тоа би било доволно на неа да се сместат највеќе четворица космонаути, како и потребната опрема за научни истражувања. „Роскосмос“ соопштил дека новата станица ќе им овозможи на космонаутите многу поширок поглед кон Земјата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top