Насловна / Вести / Романците можат да си купат електрична Dacia Spring за само 7700 евра

Романците можат да си купат електрична Dacia Spring за само 7700 евра

Романскиот производител на автомобили, дел од француската групација Renault, започна со производство на Dacia Spring, свјот прв електричен модел. Dacia постави почетна цена од 18100 евра, но државата обезбеди грантови за своите граѓани во висина од 10400 евра, па крајната цена за купувачите е   7700 евра. Така овој модел стана најефтиниот електричен автомобил во Романија и пошироко. На пример, Германија го субвенционира купувањето на електрични автомобили со 9570 евра.  Од друга страна, според AutoExpress, Dacia Spring е најефтиниот електричен автомобил во својата категорија во Европа.

spring1

spring2

spring3

Интересот меѓу романците е огромен. Dacia примила повеќе од 1500 нарачки за својот прв електричен модел, само во првиот час. За споредба, тоа е вкупниот број на електрични автомобили продадени во Романија во целата 2019 година. Купувачите добиваат субвенции од 10400 евра во рамките на програмите Rabla и Rabla Plus.  Покрај тоа, достапни се уште 400 евра за уништување на старо возило, како и 10000 евра за 100% електрично возило. Според анализата на European Automobile Manufacturers’ Association (ACEA), ова се највисоките субвенции во ЕУ.

Но, покрај првиот домашно произведен електричен автомобил, Романија ќе добие и прв електричен автобус. Станува збор за автобус на ATP групата, со 26 седишта и домет од 200 километри, кој може да биде продолжен до 360 километри. Ќе биде претставен на јавноста во почетокот на мај.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top