Насловна / Вести / Романци во знак на протест изградија мост од пластични шишиња

Романци во знак на протест изградија мост од пластични шишиња

most od plasticni sisnja vo Romanija
Жители на западнороманскиот град Темишвар изградија мост од десетици илјади пластични шишиња во знак на протест против загадувањето на животната средина со овој вид отпад.

Оваа подвижна колоритна платформа со должина од 23 метри е направена од 157.000 пластични шишиња и според иницијаторот на проектот, претставува најголемата ваква конструкција во светот.

Мостот ќе им овозможи на пешаците да минуват преку канал во центарот на градот.

Експертите од Гинисовата книга на рекорди подоцна треба да одлучат дали станува збор за светски рекорд од ваков вид.

1406131596-the-biggest-plastic-bottle-bridge-in-the-world_5344919
- Со овој светски рекорд ние сакаме да привлечеме внимание кон огромните количества на пластичен отпад што завршуваат во морињата и реките низ целиот свет – посочи Раду Русу, еден од членовите на еколошката организација иницијатор на проектот. – Овие шишиња не и припаѓаат на водата, – додаде тој.

Според Европската комисија, секоја година во океаните и морињата завршуваат околу 10 милиони тони отпад, главно пластика, претворајќи ги водните површини во огромни депонии.

Шишињата искористени за изградба на мостот биле собрани во период од два месеци, а потоа за еден месец 500 волонтери ги споиле со жица и го направиле мостот. На мостот, кој ќе стои две недели, ќе се одржуваат и концерти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top