Насловна / Вести / Робот задолжен за држење дистанца во паркови (видео)

Робот задолжен за држење дистанца во паркови (видео)

Во време кога делењето простор со друга особа може да биде опасна активност, многу влади, аеродроми и болници ги откриваат погодностите на користење роботи за безбедно чистење на површини и испорака на пакети.

Роботите во Сингапур добиле уште едно задолжување. Тамошните власти користат четириножен робот за да ги потсетат посетителите на паркот да држат безбедно растојание.

Роботите патролираат по градскиот парк во рамки на двонеделната тест проба, емитувајќи однапред снимени пораки „да ги потсетат посетителите на паркот да се придржуваат на безбедносните мерки за дистанцирање“.

Роботот е опремен со камера која ќе се користи за проценка на бројот на посетители во паркот, но Сингапурскиот одбор за национални паркови вели дека нема да собира лични податоци, ниту видеото ќе се користи за идентификација на поединци. Роботот со име „Спот“ е контролиран преку далечински управувач, но има и вградени сензори за да не се судри и ќе биде следен од водич.

Ако тестирањето на роботот помине успешно, Сингапурскиот одбор за национални паркови вели дека би можел да биде пуштен во паркот со полно работно време во тек на периодот кога во паркот има највеќе посетители.

Испрати коментар

Scroll To Top