Насловна / Вести / Роберт Хот – нов претседател на Градежна комора при ССК

Роберт Хот – нов претседател на Градежна комора при ССК

Sobranie Gradezna komora - SSK

Денес, Градежната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), на Годишното собрание едногласно го избра Роберт Хот за нов претседател.

На тој начин, функцијата претседател на Градежна комора во следните две години, градежните компаниите му ја доверија на Робер Хот, генерален менаџер на „Хот и Хот – КГ“ и активен член на Управен одбор на Градежна комора и на ССК.

„Одговорноста што ми ја доверија компаниите ме поттикнува со засилено темпо да ја водам Градежната комора. И понатаму ќе работиме на зачувување на економската стабилност на градежните компании, продолжуваме со лобирање кај соодветните институции и активно учество во донесување и измени на законските регулативи, како и до сега ќе влијаеме на јавното мислење за значењето и придобивките на Република Македонија од секторот Градежништво. Верувам дека и во следниот период ќе градиме успеси“, рече Хот.

Sobranie Gradezna komora - SSK1

Досегашниот претседател на Градежна комора, Сеад Кочан, кој од октомври годинава е заменик претседател на ССК, истакна дека за него беше предизвик да биде првиот претседател на Градежна комора од 2009 година, во време кога градежништвото доживува најголем развој.

„Последниве години континуирано се зголемува учеството на градежништвото во БДП. Ако во 2008 година градежништвото учествувало со  четири проценти, минатата година е зголемено на седум проценти. Согласно буџетот за 2015 година, во градежништвото се очекува раст од 7,5 %. Градежната комора активното учествуваше во донесување на Законот за градење, Закон за легализација на бесправно изградени објекти, Закон за минерални суровини и многу други закони поврзани со секторот градежништво“, вели Кочан.

gradezna komora

На Собранието претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека Градежната комора во рамки на ССК, беше посебно активна и актуелна во изминатиот период и нагласи дека секторот градежништво и понатаму ќе продолжи да биде двигател на економскиот раст во нашата земја.

„Изградбата на регионална и на локална инфрастуктура во изминатите години беше едно од главните барања на ССК, бидејќи на тој начин ќе се обезбеди непречен проток на стоки и на услуги, со што ќе има поголемо раздвижување на македонската економија. Ќе се поттикнат домашните инвеститори, а ќе се привлечат и повеќе странски инвеститори. Инвестиции во капитални инфраструктурни објекти се многу важни бидејќи домашните градежни компании се вклучени како изведувачи и подизведувачи во изградбата“, изјави Арсовска.

Во Градежната комора на ССК, членуваат етаблирани компании од повеќе дејности во секторот градежништво.

 

Испрати коментар

Scroll To Top