Насловна / Архитектура / Римскиот Колосеум ќе добие подвижен под

Римскиот Колосеум ќе добие подвижен под

Колосеумот во италијанската престолнина наскоро ќе биде реновиран, а една од главните иновации всушност ќе биде нешто што оваа градба го имала уште во античко време. Имено, во антички Рим, илјадници луѓе се собирале во оваа арена за да гледаат заробени гладијатори и робови како до смрт се борат со диви животни. Овие борци и заробени животни влегувале на сцената преку скриени тунели под дрвен и со песок покриен под. Сега, подот се враќа на сцената.

2_resize

Имено, Алфонсина Русо, директорка на Колосеумот, изјави за „Тајмс“ дека планот е оваа градба да добие нов подвижен под на кој повторно ќе се играат претстави – секако, овој пат не толку крвави.

Италијанските власти обезбедиле 10 милиони евра за набавка и поставување на новиот под кој ќе врати дел од историјата на овој антички објект. Сепак, со цел да им се овозможи на туристите и понатаму да можат да ја видат историјата на Колосеумот, подрумот и подземните структури сè уште ќе бидат видливи.

1_resize

Италијанските власти бараат од проектантскиот и инженерскиот тим да направи под кој ќе може да се движи и кој ќе биде поставен над хипогеумот – простории кои се наоѓале под него, а кои се протегале на два ката и имале 8 лифта за подигнување на животните и гладијаторите директно во арената, пишува Dezeen. Со подвижниот под, ќе бидат инсталирани сите капаци на вратите, лифтовите и механичките елементи кои се наоѓале во оригиналниот Колосеум.

3_resize

Стариот сјај 2023 година

Колосеумот, кој се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО, изграден околу 70 – 80-тите години, бил огромен инженерски потфат и таква арена дотогаш не била видена. Можел да собере меѓу 50 000 и 80 000 луѓе.

Подвижниот под би требало да се изведе до 2023. године, да содржи низа лифтови за поврзување на подземниот дел со подот на арената и се очекува дека ќе чини 18,5 милиони евра. Проектните тимови имаат рок за поднесување понуди до 1. февруари.

Испрати коментар

Scroll To Top