Насловна / Вести / Реставрирана една од најпознатите париски знаменитости

Реставрирана една од најпознатите париски знаменитости

France Eiffel Tower

Реставрацијата на Ајфеловата кула е завршена, а резултираше со нов стаклен под во еден дел од оваа париска знаменитост. Сега не само што може да се гледа панорамата пред себе, таа се отвора и под нозете на најхрабрите.

Модернизацијата е спроведена на најнискиот кат на кулата, кој е воедно и најширок. Следејќи го примерот на некои познати градби во светот, Ајфеловата кула сега доби проѕирен под по кој туристите можат несметано да шетаат уживајќи во панорамата под себеси и да замислуваат како би било да се лебди во воздухот. Прошетката за најхрабрите се одвива 57 метри над земјата, а со стоењето во неговиот центар се овозможува фасцинантен поглед кон средиштето на челичната конструкција, која не може да се доживее на ист начин со стоење во самото подножје. FRANCE MONUMENTS

Целта на реновирањето била да се направи најнискиот кат попривлечен бидејќи претходно туристите го избегнувале сакајќи веднаш да стигнат до самиот врв. Со ова, вториот и третиот кат на кулата доби конкуренција, со која се растоварува самиот врв, а километарските редови пред Ајфеловата кула со ова треба да бидат намалени.

Реставрацијата чинела 30 милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top