Насловна / Вести / Рекорден број на возила во земјава во 2016

Рекорден број на возила во земјава во 2016

Zelen kilim karikatura

Во 2016 година е забележан апсолутен рекорд на бројката на автомобили регистрирани во нашата земја, односно  190,6 патнички возила на 1000 жители, што е за 2,8% повеќе во споредба со претходната година. Ова се податоци кои минатата седмица ги објави Државниот завод за статистика во годишниот извештај „Одржлив развој 2017“, каде се посочува дека користењето на автомобили од македонските граѓани континуирано расте. Во 2016 година  е достигнат рекорд во однос на изминатите 15 години. Уште попразителен е фактот дека напоредно со зголемувањето на автомобилите се намалува користењето на јавниот превоз, а како најголем губитник од ваквиот развој се посочува  железничкиот сообраќај.

Soobrakjana guzva SK

Автомобилите лани учествувале со речиси 80% од вкупниот патнички копнен сообраќај пресметан во изминати километри. Зголемената употреба на автомобилите, кои најчесто се увезуваат на старо од поразвиените земји, е главен причинител за зголемување на загадувањето на животната средина, а особено за загадувањето на  воздухот во македонските градови. Извештајот е достапен на следниот линк:  http://www.stat.gov.mk/Publikacii/OdrzlivRazvoj2017.pdf

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top