Насловна / Вести / Реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово

Реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово

Средствата за санација ги обезбеди Центарот за развој на североисточниот плански регион, кој аплицираше со проект до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа.

Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово учествува со над 100.000 евра.zanaetciskidomkumanovo

Објектот ќе има мултифункционална намена, ќе се користи за средби со делегации, концерти, изложби, граѓански здруженија, потребите на локалната самоуправа и други содржини.

Домот на занаетчиите е дело на рускиот архитект Владимир Антонов, изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Последен пат била изврешна реконструкција на галеријата во 1983 година.

Испрати коментар

Scroll To Top