Насловна / Градежништво / Реконструкција на пругата Битола-Кременица ќе почне годинава

Реконструкција на пругата Битола-Кременица ќе почне годинава

pruga bitola kremenica
Реконструкцијата на пругата од Битола до село Кременица во близина на грчката граница, ќе почне во втората половина од оваа година. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, постапката за надзор е објавена и до почетокот на овој месец заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди.

Градежните активности што се планираат опфаќаат обнова на 17 километри пруга од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на повеќе премини, поврзување со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај (патен и товарен) со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.

„Ова значи развој за овој регион, бидејќи ќе имаме ново поврзување меѓу Македонија и Грција, но исто така е многу важно што ќе имаме и крак кон индустриската зона Жабени што ќе ја направи уште по атрактивна, како за домашни, така и за странски инвеститори“ рече Јанакиески.

Тој нагласи дека и целокупната тендерска документација за градежни работи веќе е одобрена од страна на европската и дека очекува постапката да започне во месец април. Периодот за пријавување на компаниите ќе трае 90 дена.

Јанакиески оцени дека изградбата на пругата е значајна за развој на регионот и за железничкото поврзување со Грција, како и за индустриската зона Жабени.

„Ова значи развој за овој регион бидејќи ќе имаме ново поврзување помеѓу Македонија и Грција, но иста така е важно што ќе имаме крак до индустриската зона Жабени што ќе ја направи уште поатрактивна за домашните и за странските инвеститори“, истакна Јанакиески.

Испрати коментар

Scroll To Top