Насловна / Вести / Реконструкција на „Езерце“ во Градски парк – Скопје

Реконструкција на „Езерце“ во Градски парк – Скопје

ezerce

 Деновиве ќе се знае како ќе изгледа старо-новото „Езерце“ во Градски парк, пренесува Утрински. Дали општина Центар ќе го обнови објектот, па ќе го даде под кирија, или, пак, тоа ќе го стори приватен инвеститор, кој за возврат ќе го добие објектот под наем – надлежните допрва ќе одлучат. Засега е сигурно дека на крајот од овој месец ќе се знае како ќе изгледа руинираниот и запуштен ресторан.

„На јавниот повик за избор на идејно решение пристигнаа вкупно 25 труда, од кои жири-комисијата ќе награди три и со можност пет труда да бидат откупени. За таа цел, беа формирани и две комисии: едната за спроведување на постапката и втората за избор на идејното решение. Комисијата има рок овој месец да го направи изборот“, велат од Центар.

Извесно е дека објектот ќе се реконструира во духот на старо Скопје.

„Локацијата на некогашниот ресторан ’Езерце’ кај скопјани сè уште буди спомени на некогаш популарниот воз ’Ќиро’. Од тука се тргнуваше и во убави дружби и се патуваше до Сарај и назад. Остатоците од тогашната железничка станица и денеска стојат во Градскиот парк и сето ова треба да се вклопи во идејното решение за новото и модерно ‘Езерце‘“. Со овие насоки за изгледот на објектот и околината Општината го распиша предметниот оглас.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top