Насловна / Вести / Реконструкција на дел од булеварот „Крсте Мисирков“

Реконструкција на дел од булеварот „Крсте Мисирков“

rekonstrukcija pred manu

Деновиве екипите на Градот Скопје вршат реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот „Крсте Мисирков“, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ.

Планот е оваа сообраќајна лента да се реконструира во должина од 115 метри, пред и по автобуското стојалиште. Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој ќе се изгребе, доколку се јави потреба ќе се санира и потповршинскиот слој и ќе се асфалтира со асфалт-бетон 22С со полимер. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот „Крсте Мисирков“, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар. Градежните работи се очекува да завршат за 15 дена, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши 2,9 милиони денари со ДДВ.

Во текот на градежните работи на булеварот „Крсте Мисирков“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз како привремено стојалиште ќе ја користат крајната сообраќајна лента на булеварот „Крсте Мисирков“, пред Судска палата.

Испрати коментар

Scroll To Top