Насловна / Вести / Реконструирана градинка во Неготино со помош од американската амбасада

Реконструирана градинка во Неготино со помош од американската амбасада

Negotino
Со финансиска помош од Американската амбасада во Република Македонија комплетно е реновиран клон на градинката Фемо Кулаков од Неготино, кој денеска беше пуштен во употреба.

Проектот вреден 35 илјади долари опфати промена на надворешните прозори и врати и се зголеми енергетската ефикасност во градинката.

Претставникот на американскиот народ мајор Џефери Ван Сикл, шеф на канцеларијата за воена соработка на САД во Македонија, кажа дека замената на вратите и прозорците ја извршија претставници на македонската и американската армија.

Испрати коментар

Scroll To Top