Насловна / Вести / Река во Австралија гореше цел час!

Река во Австралија гореше цел час!

REka sto gori vo Avstralija

Во Австралија денеска имаше неверојатна глетка, откако реката Квинсленд се запали, поради тоа што во неа истече гас и предизвика пожар на површината на водата.

Драматичната снимка на реката што гори, на Интернет ја постави пратеникот Џереми Бакингам од партијата на Зелените, нагласувајќи ја загриженоста поради експлоатацијата на природен гас.

Според него, пожарот на реката, која се наоѓа во басенот Муреј Дарлинг, бил предизвикан од метанот што истекол по експлоатацијата на гас неколку километри подалеку. Тој додаде дека реката горела речиси цел час.

Во ова подрачје се наоѓаат неколку стотини наоѓалишта на гас во сопственост на компанијата „Ориџин енерџи“. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top