Насловна / Вести / Рехабилитација и проширување на канализациската мрежа во Куманово

Рехабилитација и проширување на канализациската мрежа во Куманово

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамајновски и директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски во Куманово го потпишаа Договорот за спроведување на ИПА проектот „Рехабилитација и проширување на канализациската мрежа во Куманово“.Kumanovo

Проектот вреден пет милиони евра, предвидува рехабилитација и проширување на канализациската мрежа во Куманово во должина од 26 километри.

– Проектот ќе се реализира за околу 18 месеци и ќе заврши пред крајот на 2017 година. Средствата се од ИПА, но има и околу 20 проценти од буџетот на државата, рече Изари и додаде дека проблеми со отпадот има и веќе се решаваат.

Според градоначалникот Дамјановски, проектот ќе почне со реализација за десет до петнаесет дена. – Проектот делува позитивно во две насоки, во однос на еколошкото влијание бидејќи општината е единствена во државата каде има фабрика за прочистување отпадни води и правиме комплетно колекција на отпадните води, како и во однос на подобрување на инфраструктурата, бидејќи паралелно со изградба и рехабилитација на канализациската мрежа добиваме и санација на патната инфраструктура во делови каде има изведба на работите, подвлече Дамјановски.

 

Испрати коментар

Scroll To Top