Насловна / Архитектура / Рециклирани куќи од пластика

Рециклирани куќи од пластика

Двете компании JDS architects и Othalo ги здружија силите и ја патентираа технологијата што овозможува производство на градежни елементи од 100 отсто рециклирана пластика. Тие исто така влегоа во партнерство со UN habitat. Првичниот фокус ќе биде на изградбата на пристапни станови, особено во субсахарска Африка.

kuka

Според статистичките податоци, скоро милијарда луѓе моментално живеат во сиромашни населби, а само во споменатата област потребата за поевтино домување е околу 160 милиони единици. Овој број се очекува да се зголеми на 360 милиони до 2050 година како резултат на брзата урбанизација.

kuka1

Со оглед на тоа што традиционалните градежни методи не можат да „носат“ таков товар бидејќи тие не се ниту ефикасни, ниту економични, ниту доволно одржливи, upcycling технологијата што овозможува повторна употреба на отпад и масовно производство е од суштинско значење за решавање на проблемот со домувањето. Ситуацијата денес е таква што од 1950 година досега се произведени над девет милијарди тони пластика ширум светот, од кои само девет отсто се рециклира.

kuka2

Куќата од 60 квадратни метри рециклира осум тони пластичен отпад. Ова значи дека со денешниот пластичен отпад, може да се изградат повеќе од милијарда куќи. Во следните 18 месеци, Отало ќе ја развие својата прва серија градежни елементи за ефтини станови. Компанијата очекува да биде подготвена да почне со масовно производство на почетокот на 2022 година. Исто така, се наведува дека ќе се фокусира на заедничко создавање услови за живот со локалните заедници и крајните корисници, со вклучување на локалните занаети и култура.

Компанијата се надева дека ќе ја прошири својата линија на производи до подвижни уреди за складирање храна и лекови, засолништа за бегалци и поголеми модуларни згради, како што се училишта и болници. Планирано е производството да се одвива на самата локација со употреба на локални суровини, со цел да се вработат жителите кои живеат таму.

kuka3

Испрати коментар

Scroll To Top