Насловна / Арт и дизајн / Како мачки од Сибир го спасиле Ермитаж

Како мачки од Сибир го спасиле Ермитаж

Во центарот на Тјумењ, Русија има плоштад именуван по сибирски мачки. На плоштадот се поставени и неколку скулптури на овие прекрасни животни. Тука се  мачка-мајка со три мачиња, млади мачки, како и возрасна мачка на самиот врв на споменикот која ги следи минувачите со сериозен поглед. Овој плоштад и овие споменици се посветени на трагичните настани поврзани со германската опсадата на Ленинград во тек на Втората светска војна. Бидејќи, меѓу другото, на сибирските мачки можеме да им бидеме благодарни, затоа што го сочувале богатството на најголемиот руски музеј.

8_resize

Тјумењ

Во најголемиот и најпознат музеј и галерија во Русија, Ермитаж, мачките биле во официјална служба уште од времето на царицата Елисавета Петровна. Во 1745 година, таа потпишала указ за тоа да се донесат триесет најголеми мачки од Казањ поради лов на глодари. Имено, мачките од овие краишта се сметаат за одлични ловци. Тие чувале галерии со слики и визби (а во Ермитаж тие се протегаат на речиси 20 километри) од стаорци и глувци и за време на Наполеон, и за време на Октомвриската револуција и за време на советското владеење и денес. Интересно е што хемиски сретства повремено се користеле против стаорци, но тие не можеле да го решат проблемот, само мачките дале резултати.

2_resize

Во 1941 година, вредните експонати од Ермитаж префрлени се на Урал, а во подрумите направени се засолништа од бомбардирање. За време на опсадата на Ленинград (септември 1941 година – јануари 1944 година) во Втората светска војна, градот останал без мачки (умирале од глад или станувале храна), па орди стаорци ги исполниле подрумите на старите куќи. Стаорците гризаеле мебел, sидови, кабли и носеле опасни болести. Тие не ги заобиколиле ниту музеите, во чии подруми сè уште имало многу уметнички дела, кои се нашле во опасност.

9_resize

Ермитаж за време на Втората светска војна

10_resize

Ленинград

Мачките доаѓаат на помош

Жителите на другите региони на СССР дознале за оваа неволја и одлучиле да му помогнат на градот. Првите мачки се донесени од Јарославл во 1943 година, кога започнал пробојот на блокадата, пресвртница во борбата за ослободување на градот. Сивите јарославски мачки се сметани за добри ловци и биле многу барани.

3_resize

Ермитаж

Еден од најголемите „собирни центри“ бил Тјумењ. Жителите на неколку сибирски градови ги испраќале своите домашни мачки да го заштитат Ермитаж. Пет илјади мачки од Тјумењ, Омск и Иркутск пристигнале во Ленинград со сибирскиот воз и однесени се во музејот.

Овој пат сите стаорци биле уништени, а потомците на овие мачки и денес служат во Ермитаж.

4_resize

мачките во Ермитаж денес

Споменик на овие херои е подигнат и во Санкт Петербург. На улицата Мала Садова, можат да се видат мачките Елисеја и Василиса излиени во бронза.

11_resize

Елисеја и Василиса

6_resize

мачките во Ермитаж денес

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top