Насловна / Вести / Key арената во Сиетл станува првата спортска сала која е јаглеродно неутрална

Key арената во Сиетл станува првата спортска сала која е јаглеродно неутрална

Салата во Сиетл е именувана како Climate Pledge Arena и стана првата јаглеродно неутрална арена во светот, која може да постави нови стандарди кога станува збор за зелената конструкција на спортски објекти.

arena

Со помош на хеликоптер е отстранет знакот со претходното име Key aрена од покривот на спортската сала во Сиетл, која сега се нарекува Climate Pledge Arena. Правата на името ги има купено Амазон, а тоа го избра извршниот директор на оваа компанија, Џеф Безос, со цел да укаже на важноста од преземање соодветни чекори во борбата против климатските промени.

arena1

Покрај објавувањето дека Амазон до 2040 година ќе стане компанија која е јаглеродно неутрална, арената во Сиетл со 18.100 седишта се планира да биде првата светска сертифицирана јаглерод-неутрална арена која ќе се напојува исклучиво од обновлива енергија, делумно преку соларни панели на самото место, а делумно и од обновливи извори надвор од локацијата на арената.

arena2

Сите настани што ќе бидат организирани во оваа сала ќе имаат нето-нулта емисија на јаглерод диоксид, бидејќи тие ќе инвестираат во проекти за пошумување кои ќе ја отстранат соодветната количина јаглерод диоксид од атмосферата, пишува Клима101.

arena3

Дополнително, Climate Pledge Arena целосно ќе ја елиминира употребата на пластика за еднократна употреба до 2024 година, додека корпите за отпадоци на овој стадион повеќе нема да ги има. Тие ќе бидат заменети со канти за компост и рециклирање, а собраната дождовна вода ќе се користи за производство на мраз.

arena4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top