Насловна / Вести / Реакција од Градот Скопје по повод сечењето дрвја во Паркот на новинарите

Реакција од Градот Скопје по повод сечењето дрвја во Паркот на новинарите

parkovi i zelenila (2)

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во текот на изминативе денови, по поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета – оштетени беа поголем број моторни возила и објекти. Точно во Паркот на новинарите, дрво падна врз повеќе возила, при што беа оштетени два автомобила марка опел корса и мазда. Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, по извршениот увид на МВР и изготвениот записник за сторената штета, пристапија кон расчистување на искршените гранки и стебла, при што беа исечени три тополи на паркингот до Паркот на новинарите“, реагираат од Градот Скопје по повод исечените дрвја на паркингот до Паркот на новинарите во општина Центар и силните реакции од страна на граѓаните и медиумите.

Екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реагираа и во Старата скопска чаршија, на булеварот 8.Септември, кај Тутунска Банка и на уште неколку локации каде што имаше паднати гранки и оштетени дрвја.

„Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” на терен постапуваат во насока на заштита на населението и на јавните материјални добра и поради тоа ги отстрануваат дрвјата што претставуваат закана за општата безбедност“, информираат од Градот.parkovi i zelenila (4)

Од Градот Скопје нагласуваат дека акцијата за сечење на тополите на територијата на градот Скопје се изведува врз основа на Одлука-Програма за работа на ЈП „Паркови и зеленило“ за 2015 година,  донесена од Советот на Град Скопје и поддржана од  сите советнички групи.

„Оваа Oдлука ќе биде имплементирана во сите програми за работа на ЈП „Паркови и зеленило“ во наредните години, затоа што бројот на тополите во Скопје е многу голем и ќе биде потребно време тие да се исечат и да се заменат со садници кои не се штетни по здравјето на луѓето, имаат позитивни еколошки карактеристики и кои не претставуваат опасност по безбедноста на минувачите и материјалните добра на граѓаните“.parkovi i zelenila (3)

Барања за сечење тополи секојдневно пристигнуваат до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и тоа од сите скопски општини, вклучувајки ја и општината Центар, како општина на чие подрачје има поголем број садници од овој вид.

Градот Скопје информира дека во последниве пет години на подрачјето на Скопје се спроведува интензивна акција за подигање нови зелени површини и за засадување нови дрвја, акција каква што претходно во градот не е спроведена.

Испрати коментар

Scroll To Top