Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Расте бројот на потрошувачи на природен гас во Куманово

Расте бројот на потрошувачи на природен гас во Куманово

Kumanovo Macedonia 1214312330
Локалната самоуправа од Куманово го продолжува процесот на гасификација на објектите во градот. Според објавените информации на порталот „Куманово Њуз“, користењето на овој енергенс досега е обезбедено за 12 локални установи, училишта, градската библиотека и седиштето на ЕВН во Куманово, кои се приклучија на изградената гасоводна мрежа и активно го ползуваат природниот гас. Јавното претпријатие „Куманово – гас“ периодов работи на гасификацијата на бројни други објекти. „Правиме подготовки за црквите „Света Троица“ и „Свети Никола“, навлегуваме во населбата Гоце Делчев, во изградба е мрежата на улиците „Иго Тричковиќ“ и „Живко Чало“. Наскоро ќе се гасифицира и првата станбена зграда“, вели Драган Петровски, директор на Ј.П. „Куманово – гас“.

Испрати коментар

Scroll To Top