Насловна / Вести / Распишан оглас за изведувач за гасоводот Неготино-Штип

Распишан оглас за изведувач за гасоводот Неготино-Штип

Македонски енергетски ресурси распиша оглас за избор на изведувач за изградба на магистрален гасовод (делница блок станица 5-Неготино со ГМРС Штип и ГМРС Неготино).тц неготино

Проценетата вредност на договорот без ДДВ изнесува 996.740.000 денари, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена.

Со реализацијата на овој проект се очекува конечно да се достави неопходниот гас за работа на еден од најзначајните енергетски капацитети во Македонија, ТЕЦ Неготино.

Неготинската термоелектрична централа во моментов може да работи само на мазут кој со години нема исплатливи берзански цени, поради што централата се чува како ладна резерва. Со инсталирањето на гасот се очекува нејзино активирање во секојдневното производство со што значително би се намалил увозот на електрична енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top