Насловна / Вести / Распишан конкурс за мозаици за плоштадот „Скендербег“

Распишан конкурс за мозаици за плоштадот „Скендербег“

mozaici konkurs

Конкурсот за избор на идејно решение за изработка на мозаици на плоштадот кој ќе го премости скопскиот булевар „Гоце Делчев“ е веќе објавен.
Изборот ќе го прави жири – комисија на општината Чаир во Џенгис Хани, Хусамет Агушовски, Бесијан Мемети, Скендер Асани и Меџаит Положани. Првата награда е 300.000 денари, втората награда 100.000 денари и третата – 60.000 денари. Рокот за пријавување на идејните решенија е 15 јануари 2015 година.
Надземниот пешачки премин над булеварот „Гоце Делчев“ е дел од втората фаза на изградбата на плоштадот „Скендербег“. Изведувач на овој дел од работите кои ќе чинат 10 милиони евра е фирмата „Бауер БГ“. Плоштадот „Скендербег“ ќе има 28.674 квадратни метри.

Испрати коментар

Scroll To Top