Насловна / Вести / Расчистување на канализациската и атмосферската мрежа во Ѓорче Петров

Расчистување на канализациската и атмосферската мрежа во Ѓорче Петров

gorce petrov

Општината Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, започна акција во расчистување на канализациската и атмосферската мрежа на проблематичните улици во општината.

Акцијата се презема со цел да се елиминираат или намалат евентуалните последици од можни нови дождови.

Воедно се вршеа интервенции по барања доставени од граѓаните до општинските служби за прочистување на затнати шахти.

Работниците од ЈП „Водовод и канализација“ беа изненадени од тоа што го нашле во шахтите. Туршија, ќебе, детски играчки, пластични шишиња, пепел, недогорени дрва се само дел од „ богатиот“ асортиман што беше исчистен од шахтите.

Екипите на „Водовод и канализација“ односно пунктот во Ѓорче Петров се секогаш на висината на задачата, а тоа се должи пред сè на одличната соработка со општината и планот за заедничко дејствување и контролирање на ситуацијата на терен.

Испрати коментар

Scroll To Top