Насловна / Архитектура / Рапсодија во парк: Отворена зградата на Етнографскиот музеј во Будимпешта (ВИДЕО)

Рапсодија во парк: Отворена зградата на Етнографскиот музеј во Будимпешта (ВИДЕО)

Повеќе пати наградуваниот проект на Етнографскиот музеј во главниот град на Унгарија неодамна беше отворен за посетителите во Градскиот парк во Будимпешта, познат како Варошлигет.

12_resize

05_resize

Новиот објект е дел од најголемиот европски урбано – културен развој Liget Budapest Project, а проектот на идејното решение го потпишува локалното архитектонска биро Napur Architect.

11_resize

04_resize

Зградата на новоотворениот музеј се карактеризира со динамични, но едноставни линии кои во исто време се усогласени со паркот и комуницираат со околната урбана област.

За прв пат во своја зграда

Како што пишува ArchDaily, Градскиот парк не е непозната локација за Етнографскиот музеј, бидејќи неговата колекција е претставена во далечната 1896 година токму на ова место, за време на Националната милениумска изложба.

13_resize

Колекцијата, која сега опфаќа 250.000 предмети од Карпатскиот басен и други делови од светот, сместена е во различни објекти од основањето на музејот во 1872 година, но оваа институција никогаш досега не функционирала во зграда проектирана исклучиво за нејзините потреби.

02_resize

Сегашната локација, на која некогаш се наоѓала унгарската курија, била далеку од тоа да ги исполнува барањата на музејот и била сериозно ограничена во однос на просторот и можностите.

1_resize

Сепак, како резултат на меѓународен конкурс, потоа и успешната изградба и отворање на крајот на мај, Етнографскиот музеј конечно доби нов дом во навистина модерна зграда според светски стандарди, која ќе ги задоволи професионалните барања на институцијата и на потребите на колекцијата и посетителите.

07_resize

Динамичен, но едноставен дизајн

Според одлуката на меѓународното жири, унгарското архитектонско биро Napur Architect победи на конкурсот, надмашувајќи ги водечките архитектонски фирми како BIG и Zaha Hadid Architects со проект кој се карактеризира со динамичен, но едноставен дизајн.

Благо заоблените линии овозможуваат зградата да функционира како порта и премин што ги поврзува градот и паркот. Околу 60 отсто од објектот е под нивото на теренот, а благодарение на зелениот кров и транспарентноста на одредени делови над земја, новиот музеј е прилагоден на околината.

2_resize

01_resize

Зелениот, внимателно уреден кров секако ќе биде пријатен, дополнителен јавен простор за посетителите на Варошлигет.

Спектакуларниот заштитен знак на објектот, освен заоблениот зелен кров, е и стаклената завеса што ја опкружува уредената кровна градина и која ја красат речиси половина милион пиксели, односно растер направен од метална мрежа заснована на етнографски мотиви избрани од збирката на музејот.

Пикселите всушност се вметнати во ласерски сечена алуминиумска мрежа со помош на специјален робот, а повеќе од 2.000 се прицвретсени за зградата.

Награди и признанија

Може да се каже дека Етнографскиот музеј веќе е препознаен како еден од највозбудливите модерни градби на нашиот континент.

Доказ за тоа е фактот што е избран за Best Mega Futura Project of Europe, како дел од Liget Budapest projekta MIPIM Awards 2017, а и во мошне жестока конкуренција ја освои титулата за најдобра светска архитектура на International Property Awards 2018 .

3_resize

Беше еден од 1.700 пријавени проекти од 115 земји, прегледани од жири со кое претседаваа четворица Лордови на Обединетото Кралство, како и преку 80 светски експерти.

Секако, една работа е важна, дека новите функции и флексибилни простори на современата музејска зграда ќе го олеснат разбирањето на историското наследство зачувано во збирката.

4_resize

Покрај пренесувањето на историското наследство, реализацијата на нови, стручни и истражувачки теми и перспективи, ќе продолжи да биде меѓу приоритетните цели на музејот.

Креативно проектираните простори ќе отворат нови можности за комуникација со посетителите, овозможувајќи истовремено претставување на секојдневни предмети, појави и идеи од минатото и сегашноста.

03_resize

06_resize

08_resize

5_resize 6_resize 7_resize 8_resize 9_resize 10_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top