Насловна / Вести / Ранг листа на иновации: Швајцарија на врвот, Македонија на 59-то место

Ранг листа на иновации: Швајцарија на врвот, Македонија на 59-то место

Најиновативна држава во светот, според Глобалниот индекс на иновации, е Швајцарија. Со овогодишниот индекс на иновации опфатени се 129 држави. Како индикатори за рангирањето, се оценуваат институциите, човечкиот капитал и истражувањето, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето, технологијата и креативниот учинок на државите. Кога станува збор за земјите во регионот, Хрватска е на 44-тото место, Црна Гора 45-та, Србија на 55-то, Македонија на 59-то, БиХ на 76-то и Албанија на 83-то место.  После Швајцарија, на врвот следуваат Шведска и САД.  Општите заклучоци на извештајот се дека светот е зафатен со економско успорување од среден интензитет, рекордно низок раст на продуктивноста и економска неизвесност.

index innovation1

Од друга страна пак, се констатира дека светот изобилува со иновации, како во развиените, така и во земјите во развој. Регистрирањето на патенти и вложувањата во истражување и развој исто така се во подем. Но, се јавуваат и нови препреки кои би можеле да го загрозат овој позитивен тренд. Успорениот економски раст би можел да продолжи, а на тоа укажуваат две работи: вложувањата во истражување и развој во економски развиените земји не се зголемуваат или бележат слаб раст, и се повеќе е присутен протекционизам насочен кон технолошките сектори.

 

Испрати коментар

Scroll To Top