Насловна / Арт и дизајн / Спектар на виножита во Palacio de Cristal

Спектар на виножита во Palacio de Cristal

Kimsooja1
Замислете, светол спектар на бои кои би ве облеале додека чекорите во катедрала преполна со виножита. To Breathe – A Mirror Woman е инсталација на Kimsooja 2006, специјално изработена за Palacio de Cristal во Мадрид, Шпанија. Со намера да ја прошири и соедини архитектонската структура на просторот, Kimsooja го имала на располагање целиот под поплочен со огледала. Потоа, таа ја покрила целата стаклена површина на палатата со провиден филм. Кога светлината од надворешноста се рефлектира од филмот, таа создава спектар на виножита кој се шири во сите делови на атриумот.
Kimsooja2
Kimsooja3
Kimsooja4
Kimsooja5
Инсталацијата е во исто време и перформанс. Kimsooja пушта снимка од свое дишење, од претходен проект насловен The Weaving Factory. Дишењето се развива и се трансформира од еден во друг тон и ритам, суптилно движејќи ги посетителите низ неколку емотивни состојби и правејќи инсталацијата да биде повеќе од визуелно искуство.

Испрати коментар

Scroll To Top