Насловна / Градежништво / Работна средба на Комората на трговски друштва за геодетски работи со Градежен факултет-Скопје

Работна средба на Комората на трговски друштва за геодетски работи со Градежен факултет-Скопје

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи, м-р Никола Рибароски оствари работна средба со Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски.
На средбата е разговарано на теми со кои ќе се придонесе за подобрување и продлабочување на соработката помеѓу Факултетот и Комората, согласно потпишаниот договор за соработка од 2022 година.
Двете страни ја истакнуваат подготвеноста за поголема соработка, а договорени се и конкретни чекори со кои ќе се придонесе кон поголема афирмација на струката и дејноста преку организирање и взаемно поддржување во организацијата на различни настани, стручни обуки и сл. Исто така, акцентирана е потребата од заеднички координиран настап за продуцирање поголем број на стручен кадар, преку повеќе запишани студени и поголема заштита на веќе оформените стручни лица.

Испрати коментар

Scroll To Top